• Александар Ковачев
Ракометарите на Вардар славеа важна победа на гостински терен против Кристијанштад, а покрај Кристопанс во идеалниот тим, Калифа Гедбан во најдобрите одбрани, свое место во најдобрите голови си обезбеди Тимур Дибиров.
Русинот натпреварот го заврши со три гола од девет обиди, но еден од нив беше доволен за влез во ТОП 5 листата на ЕХФ. При резултат 21-21, Дибиров уште еднаш ги покажа своите квалитети и од крило со својот „гумен зглоб“ го матира домашниот голман.
Приматот најдобар погодок му припадна на Лудовиг Фабрегас од Барселона, додека место во ТОП 5 обезбедија и погодоците на Стефан Сигурмансон, Олафур Гудмунсон и Симон Разгор.
Погледнете ги најдобрите пет гола во 13. коло на ЛШ: