Зејак: Со Петковиќ добивме стабилност, на многу ракометари ни ја подигна формата

Екипата на Пелистер вечерва го игра дербито на колото од ракометната Суперлига. Во салата „Боро Чурлевски“ ќе гостува тимот на Прилеп, кој и оваа сезона не игра на потребното ново и константно е во долниот дел од табелата. 

Летното засилување на пелистерци, Владимир Зејак, смета дека не треба да се потцени ниту еден противник, а упати и пофални зборови за работата на новиот тренер Јошко Петковиќ. 

„Се подготвуваме како и за секој меч, но овој ќе биде многу важен дуел за нас, бидејќи се ближи крајот на регуларниот дел од сезоната. Со доаѓањето на Јошко добивме многу на стабилност, како во напад, така и во одбрана. Некои играчи далеку ја подигнаа формата, вклучувајќи ме и мене, а голманите конечно забранија како што очекувавме. Со новото засилување мислам дека ќе добиеме поразновиден напад, кој ќе ни помогне да славиме полесни победи“, рече српскиот ракометар. 

Од вчера нов ракометар на Пелистер е младиот бек, Стефан Дрогришки, кој по пауза од две и пол години се враќа во матичниот клуб. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0