• Саше Љолес

Ново големо дерби ни носи шестото коло од ракометната Суперлига, во кое ГРК Охрид во сабота на домашен терен ќе го пречека тимот на Алкалоид.
Охриѓани влегуваат во натпреварот со желба да се вратат на победнички пат и пред своите навивачи да стигнат до важни бодови против еден од најквалитетните состави во лигата. Тренерот и играчите се свесни дека ги очекува тежок предизвик, но атмосферата во тимот е позитивна.
Пред дербито, своите очекувања ги сподели Никола Зечевиќ, кој верува дека Охрид има квалитет да одигра добар натпревар и да ја израдува публиката во салата.
„Верувам во екипата. Знаеме каков противник ни доаѓа и свесни сме дека нè очекува тежок натпревар, но на домашен терен секогаш мора да го дадеме максимумот.
Ќе се издигнеме, ќе се бориме до последната секунда и се надевам дека на крајот ќе имаме причина за славје заедно со нашата публика“, порача Зечевиќ.
Дуелот меѓу ГРК Охрид и Алкалоид е закажан за сабота, а почетокот е во 18:30 часот.





