Завршниот турнир од ЕХФ Купот ќе се игра во „Шпаркасен Арена“ во Кил

Кил Арена

Извршниот комитет на Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи домаќинството на завршниот турнир во ЕХФ Купот да му го додели на Кил.

Финалниот викенд е закажан за петок, 17 мај (полуфиналиња) и сабота, 18 мај (мечот за трето место и големото финале). Натпреварите ќе се одиграат во „Шпаркасен Арена“, сала која има капацитет од 10.285 седишта.

Последен голем настан одржан во Кил е финалето во Лигата на шампионите во далечната 2009 година.

Македонија има еден претставник во групната фаза од ова натпреварување, а тоа е Еурофарм Работник. Битолчани го надиграа Берн и по ждрепката се најдоа во група со Хановер, Татабања и Нексе Нашице.