Завршниот турнир на кадетите во Автокоманда, најдобрите на дуел уште во полуфиналето

Викендов, Македонија ќе го добие кадетскиот шампион во ракомет во машка конкуренција. Четирите најдобри екипи од регуларниот дел на сезоната ќе играат на „фајнал-фор“, а домаќин и организатор ќе биде Мулти Есенс во салата во Автокоманда, во Скопје.

Токму скопскиот клуб ќе се соочи со непоразениот Еурофарм Пелистер, а во втотото полуфинале ќе се сретнат Пролет и Струга.

Полуфинале:
11:00 - Пролет – Струга
13:00 - Еурофарм Пелистер – Мулти Есенс (13 ч.)
17;00 - Меч за трето место
19:00 - Финале

Еурофарм Пелистер и Струга исто така доставија кандидатура за домаќинство на завршниот турнир, но како и минатата година избрана беше понудата за организација на Мулти Есенс.