• Редакција Gol.mk

Настапот на Алкалоид во финалето на ЕХФ Купот ќе донесе промени во календарот до крајот на сезоната. Преостанаа уште четири кола и завршницата на Купот на Македонија, а веќе од денес започна ЕХФ-неделата, во која ќе завршат квалификациите за Светското првенство во јануари 2026 година.
Финалните натпревари на Алкалоид и АЕК Атина ќе се одиграат на 18 и 25 мај, што автоматски значи дека Купот на Македонија нема да се игра во третата недела од месецов. Единствена логична опција е полуфиналето и финалето на Купот на Македонија да се игра на 31 мај и 1 јуни, бидејќи не доаѓа предвид натпреварите од Купот да се играат среде недела. Така, плеј-офот и плеј-аутот ќе се играат на 17/18 и 24/25 мај (со исклучок на натпреварите на Алкалоид), а по Куп-завршницата последните две кола ќе се одиграат на 4/5 и 6/7 јуни.
Бранителот на трофејот Алкалоид, Вардар 1961, Охрид и Еурофарм Пелистер се учесници на „фајнал-фор“ турнирот од Купот на Македонија, а наскоро се очекува ждрепката и градот домаќин на завршниот турнир.