Завршница со стил: Вардар се „пошегува“ со Колдинг и ги врати насмевките

Ракометарите Стоилов и Македа одпоздравуваат по победа

Македонската публика со аплауз за нова европска победа, им се заблагодари на ракометарите на Вардар за одличната година. Победен е Колдинг Копенхаген со 34-24 (18-8) , дури и полесно од предвиденото.

И без повредените Ангелов и Карачиќ, Вардар мотивирано почна за да му се реваншира на Колдинг Копенхаген за поразот во Данска пред два месеци. Дури девет домашни ракометари се запишаа меѓу стрелците во првиот дел, а Штербик на голот собра 12 одбрани. Момците на Раул Гонзалез брзо се одлепија на 7-2, а потоа направија нова серија од 5-0, за превисоки 14-5 во 24. минута. По едно од најдобрите полувремиња во Европа оваа есен, црвено-црните на одмор заминаа со 18-8.   

Во вториот дел мечот личеше на ревијален. Алем Тоскиќ во 28. минута погоди по одбиена топка за највисоки +11. Полека стручниот штаб на Вардар им даде шанса и на македонските ракометари и Филип Лазаров и Дејан Манасков реализираа за 30-17, во 52. минута. На крајот високи 34-24 (18-8), за враќање на насмевките кај македонскиот шампион.

Вардар ги отргна „симптомите“ на криза и со стил ја заврши есенската полусезона во Европа. Во компактниот тим на Вардар се истакна константиот Штербик на голот, Циндриќ, Дибиров, Тоскиќ и Брумен постигнаа по четири гола, во екипа во која работите функционираа како по учебник. Кај бледиот дански шампион, солидна партија имаше ветеранот Бо Спелерберг, со шест постигнати гола. 

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВеспремВеспрем 1 1 0 0 40:28 12 2
2 ВардарВардар 1 1 0 0 33:31 2 2
3 ПортоПорто 1 1 0 0 27:25 2 2
4 КиелцеКиелце 1 0 1 0 30:30 0 1
4 КилКил 1 0 1 0 30:30 0 1
6 МонпелјеМонпелје 1 0 0 1 31:33 -2 0
7 Мешков БрестМешков Брест 1 0 0 1 25:27 -2 0
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 0 0 1 28:40 -12 0