Заврши зимскиот одмор за „гладијаторите“: Охрид на подготовки во Будва

Ракометниот клуб Охрид и официјално ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната во Суперлигата.

Раде Стојановиќ во салата во Велгошти ги построи „гладијаторите“ и ја започна првата фаза од зимските припреми. Охриѓани на почетокот на февруари ќе заминат за Будва, Црна Гора, каде ќе одиграат неколку контролни средби со Цетиње, Будва и Тиват. 

Третата фаза ќе се одвива во Охрид и веќе е закажан контролен натпревар со Пеќ, а се очекуваа и уште неколку „тестови“ со македонски суперлигаши. 

Единствено ново име во тимот на Охрид е десниот бек Филип Николов, кој дојде на позицијата од Радовиш.