Заврши сезоната за Констанца, Митревски и Маркоски петти во Романија

Тимот на Доброгеа Суд Костанца, каде што тренер е Шундовски, а спортски директор Ангеловски, ја заврши сезоната во романскиот шампионат на петтата позиција, откако триумфираше во „македонскиот“ двобој над Темишвар со 29-24. Ова беше втора победа во серијата, по првиот триумф на гости со 22-23.

Никола Митревски и Велко Маркоски во домашната екипа имаа одличен учинок. Голманот беше најдобриот поединец на теренот и забележа 15 одбрани, додека невообичаено Маркоски погоди двапати во мрежата на Златко Даскалоски, кој го бранеше голот на Темишвар.

ЦСМ Букурешт, каде игра Гоце Георгиевски, загуби со 26-24 од Потаиса Турда во првиот меч од серијата подобар од два меча за третото место во Романија.