Заврши европскиот сон за Куманово, пораз и на вториот дуел со Галитчанка

ЖРК Куманово падна на првата пречка во ЕХФ Купот, откако ги загуби двата дуели во Лвов кај Галитчанка. Денес во реваншот, македонскиот тим водеше на полувреме, ама сепак попушти во продолжението и убедливо загуби со 31-26. Инаку, Куманово доброволно го отстапи својот домашен дуел и двата дуели ги одигра на гости во Лвов, а загуби на двата.

Стартот од мечот беше изедначен, Украинките играа растеретено поради високата предност од првиот меч, а кумановки за честа. Иако Галитчанка беше екипа која повеќе време водеше и имаше по неколку голови предност, Куманово со серија од 4-0 стигна до предност од 16-15 на полувремето. 

Сепак, ракометарките на Галитчанка заиграа далеку подобро во вториот дел и тоа вроди со плод. Предноста порасна и украинскиот тим лесно чекореше кон нов триумф. Финишот беше чиста формалност, а Куманово имаше и -7 негатива. На крајот загубија со пет голови заостанок, што надополнето со огромните 16 од првиот дел беа дебакл за младите ракометарки. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Куманово и Галитчанка:

Најефикасни на оваа средба во Лвов со по седум погодоци беа Фурманетс од Галитчанка и Ана Шарановиќ од Куманово.