Затоа доби повик од Лазаров – Ѓоргиев со 10 гола му донесе победа на КЛ7 над Прилеп

Екипата на Голден Арт КЛ7 на погонот на младиот Ѓоргиев Игор со огромна победа ја започна борбата за опстанок во елитата, откако на гости кај Прилеп извојува херојска победа од 31-33, во првиот натпревар од плеј-аутот на Суперлигата.

  • Комплетниот натпревар меѓу Прилеп и Голден Арт КЛ7

Младите момци на Игор Котевски борбено и мотивирано го отворија натпреварот во Прилеп, но кон средината на првиот дел домаќините влегоа во ритам и први стигнаа до посериозно водство (10-7), но најмладиот суперлигаш експресно се созеде и на полувреме се замина со егал резулта, 16-16.

Стартот на вториот дел повторно им припадна на ракометарите на Голден Арт КЛ7, кои со одлична игра во двата правци направија серија од 1-5 и поведоа со 17-20. Но, кога беше најпотребно, на сцена стапи искусниот Реваз Чантурија, кој со неколку гола во низа ја подигна атмосферата во својот тим и ја врати неизвесноста на натпреварот. Прилеп ја врати позитивата од три гола, а во одредени моменти имаше и плус четири (29-25), но следуваше неочекуван пад и серија од 5-0 на гостите, која беше одлучувачка за големата победа на Голден Арт КЛ7 од 31-33. 

Грузиското крило со девет гола беше најпрецизен во таборот на Прилеп, а солиден натпревар имаше и Тренчевски со шест гола. Кај победничката екипа блескаше новиот репрезентативец Ѓоргиев Игор со десет гола, а одличен беше и Симоноски Кристијан со седум подоци.