ФОТО: Заслужен подарок за Дибиров, доби дрес за 1.000 гола во ЛШ!

Ракометарот со најдолг стаж во редовите на Вардар 1961, Тимур Дибиров, на претходниот натпревар против ПИК Сегед во Унгарија ја „раситна“ илјадарката на постигнати голови во Лигата на шампионите. 

Со тоа Русинот влезе во одбрано друштво од само неколку имиња. Ракометниот клуб Вардар не заборави да му оддаде признание на Дибиров, па пред стартот на денешниот дуел со ПИК Сегед во СЦ „Јане Сандански“ му даде посебен подарок. 

Дибиров доби дрес во рамка, на кој под неговото презиме стоеше бројот 1.000 во чест на четирицифрената граница погодици која тој ја проби.