Засилениот Куманово доминантен против Вардар Неготино на отворањето на плеј-аутот

Со натпреварот меѓу Куманово и Вардар Неготино денес заврши првото коло од плеј-аутот на Суперлигата, Видно засилениот тим од Куманово ја оправда улогата на фаворит и забележа победа од 29-23. 

Новајлиите Стевовиќ, Костов, Радичевиќ се наметнаа уште од стартот и тимот на Игор Котевски не успеа целосно да се врати во натпреварот.

  • Комплетниот натпревар меѓу Куманово и Вардар Неготино:

Наум Костов со тринаесет погодоци беше прво име на натпреварот, а по четири гола постигаа Михајло Стевовиќ и Алекса Радичевиќ. Кај Вардар Неготино позитивен натпревар одиграа Лазар Адамовиќ со девет и Андреј Митиќ со осум гола.

По првото коло на разигрувањето за опстанок, вклучувајќи ги и пренесените бодови од групната фаза, водат Прилеп со пет и Куманово и Мулти Есенс по четири бода. Сепак, кога ќе биде регистриран неодиграниот натпревар против Аеродром, на врвот ќе застане Еурофарм Пелистер 2 со шест бода.