• Горан Упале

Еурофарм Пелистер 2 со три победи го освои меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“. Младите пелистерци, кои во новата сезона одново ќе играат во Суперлигата, во финалето го совладаа домашниот состав (26-32) и славенички го напуштаат Прилеп.
По финалната пресметка тренерот на битолскиот тим, Александар Зарков, ги искажа своите впечатоци од одиграните натпревари на своите пулени.
„Ние сме млада екипа кои заедно со новајлиите треба дополнително да се воигра. Сметам дека се движиме по вистинскиот пат, но секако дека ни претстои уште многу работа, за да се анулираат недостатоците. Децата работата макотрпно и мислам дека до почетокот на сезоната сè ќе со дојде на свое место. Добро е што Азис уште од зимата се приклучи на екипата, додека Баптист Одифред е школован ракометар и не му требаше многу време за да се вклопи во нашиот систем“, рече Зарков.
Во групната фаза Еурофарм Пелистер 2 славеше убедливи победи над Црвена Звезда и Пролет.
