Зарков: Бод многу значи за оваа млада екипа, секој натпревар играме подобро

Малкумина веруваа дека Пелистер има сили за реми или победа против непоразениот Пролет. Откако го бркаа водството на противникот во текот на сите 60 минути, екипата на Александар Зарков стигна до голем бод со голот на Талевски од пенал на шест секунди до крајот.

По емоционалните 23-23 во спортската сала  „Боро Чурлевски“ и првиот бод на домашен терен сезонава, тренерот Александар Зарков ги пофали своите ракометари и нивната борбеност.

„Сакам да ги пофалам моите момци за залагањето. По тешкиот пат и напорите во Швајцарија, дадоа 150% на овој натпревар. Побарав од нив денес да дадам што имаат од себе, бидејќи бод од овој дуел многу ни значи. Од натпревар во натпревар оваа млада екипа има подобро и подобро и треба да им се честита на момците. Верувам дека битолската публика тоа ќе го препознаа и ќе ги поздрави и в сабота на реваншот против Винтертур“, ни рече Зарков.

Утре пелистерци добија слободен ден, а в петок ќе го подготвуваат дуелот од второто коло на ЕХФ Купот против Винтертур, каде главна цел ќе им биде достоинствено да се простат од Европа. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4