Зарабец не мрда од Кил, потпиша нов двегодишен договор

Организаторот на игра Миха Зарабец го продолжи договорот со екипата на Кил. Словенецот ќе остане меѓу „зебрите“ до 30 јуни, 2023 година.

29-годишникот игра во бундеслигашот од 2017 година. Со тимот освои титула во Лигата на шампионите, Купот на Германија, ЕХФ Купот и германското првенство.

„Среќен сум што можам да продолжам да играм во овој извонреден тим. За мене е голема чест да можам да го носам дресот на Кил. Секој спортист знае што значи Кил во европскиот ракомет. Тоа е мојот клуб од соништата“ , изјави словенечкиот ракометар.

Зарабец одиграл 183 натпревари во дресот на Кил, на кои запишал 296 погодоци.