Започнува СП за јуниорки во Скопје, Македонија тргнува против САД

Од денес, па се до 30 јуни Скопје и Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе бидат домаќини на  Светското јуниорски првенство во женска конкуренција.

24. Мундијал за девојки до 20 години или втор на кој учествуваат 32 репрезентации ќе се одигра во двете најголеми македонски арени кои се потполно подготвени –  СЦ „Јане Сандански“ и СЦ „Борис Трајковски. 

Македонија ќе се натпреварува во групата Х, каде што за ривали ги има Исланд, Ангола и САД. Првиот меч на нашите девојки е закажан за вечерва од 20:15 часот против Соединетите Американски Држави, потоа в петок од 18:00 се игра дуелот со Исланд, а последниот натпревар од групите е закажан в недела во 20:15 против Ангола.

Сите свои натпревари Македонија ќе ги игра во СЦ „Борис Трајковски“. Во двете најголеми македонски сали од денес ќе се одиграат вкупно 116 натпревари на ова Светско јуниорско првенство.