• Зоран Мишевски

Од денес до недела започнува разврската во четвртфиналните групи на Купот на Македонија во ракомет. Шеснаесет екипи сонуваат за четири места на „фајнал-фор“ турнирот. Фаворитите Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, играјќи на домашен терен, не би требало да имаат големи проблеми, а многу понеизвесно ќе биде на групите чии домаќините се Пролет и Алкалоид.
Група 1:
Вардар – Охрид; Јуниор КВ - Скопје
Група 2:
Радовиш – Еурофарм Пелистер 2; Голден Арт - Пролет
Група 3:
Бутел – Алкалоид; Вардар Неготино - Прилеп
Група 4:
Струга – Тиквеш; Куманово – Еурофарм Пелистер
Завршниот турнир на најдобрите е предвиден на крајот од месец мај.