Започна женскиот ракометен Мундијал: Реми на Србија и Црна Гора по голема драма

Српскиот селектор Саша Бошковиќ на тајм-аут

Денес во Данска започна светското првенство во ракомет во женска конкуренција, со Бразил како бранител на трофејот, освоен во Белград пред две години. Уште на стартот во Хернинг се соочија Србија против Црна Гора, во меч на два ривали кои одлично се познаваат и често ракометарки од двете селекции играат во исти клубови. 

Иако без неколку искусни ракометарки, Србија на Саша Бошковиќ долго време беше рамноправен ривал. Но, воден од искусната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ, европскиот првак од Србија во 2012 година, се одлепи и имаше водство до 57. минута. Тогаш со играч повеќе, Србинките преку Живковиќ и Крпеж израмнија на 28-28. Во последниот напад со ракометарка повеќе, Црна Гора не успеа да погоди, бидејќи ниту Катарина Булатовиќ ниту Радичевиќ, не го најдоа патот до мрежата. 

Реми кое има значај на триумф за ракометарките на Србија 28-28 (16-14) и најава за неизвесно првенство. Меѓу девојките на Аџиќ, Булатовиќ даде 8, а Радичевиќ постигна 7 гола. Кај Србија во одличниот меч со по 6 гола се истакнаа Катарина Крпеж и Јелена Живковиќ.