• Саше Љолес

Женската ракометна репрезентација го започна собирот за квалификациските мечеви за Европското првенство, кои нашите девојки ќе ги одиграат против селекциите на Азербејџан и Литванија.
Репрезентативките се собраа на првата прозивка и пристигнаа во хотелот „Русија“ во Скопје. Првиот меч го играме на 11 октомври против Азербејџан и истиот ќе се одржи во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, а потоа ќе заминеме на гостување во Литванија.
Во петтата квалификациска група фаворит е селекцијата на Шпанија, а Македонија се надева дека би можела да се избори за едно од местата кои носат пласман на континенталниот собир. Европското првенство во 2024 година ќе биде прво со 24 учесници, а домаќини ќе бидат Унгарија, Австрија и Швајцарија.