Започна ерата на Филип Јиха на клупата на Кил

Германскиот гигант Кил, екипа која се наоѓа во иста група со нашиот Вардар во Лигата на шампионите, денес ги започна подготовките за новата сезона. По повеќе од една деценија, на клупата на „зебрите“ нема да седи исландскиот стручњак Алфред Гисласон.

Негова замена е поранешниот ас на клубот, а минатата сезона негов асистент, Филип Јиха. Чехот го одработи првиот тренинг и вети максимална сериозност уште од стартот, бидејќи за нешто повеќе од еден месец следи ИХФ Супер глоуб во Саудиска Арабија. 

Кил го напуштија Андреас Волф (Киелце), Себастијан Фирнхабер (Ерланген) и Марко Вујин, кој уште не го пронашол новиот клуб. Нови имиња се Павел Хорак и Дарио Квинстет.