ВИДЕО: Заминувањата на Штербик и Циндриќ - дел од ТОП 10 летни трансфери!

Вардар летово го напуштија голем број ракометари меѓу кои и можеби најдобрите играчи од минатите сезони, Лука Циндриќ и Арпад Штербик. Веројатно многу наскоро ќе се увериме колку овие двајца беа важни за „црвено-црниот“ состав.

Нивните трансфери во Киелце, односно Веспрем, Европската ракометна федерација ги смести меѓу ТОП 10 летни трансфери на втората, односно првата позиција. Трет е трансферот на одличниот пивотмен Лудовик Фабрегас од Монпелје во Барселона.

ТОП 10 ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ

10. Томас Могенсен (Флензбург - Скјерн)

  9. Торбјорн Бергеруд (Холстебро - Флензбург)

  8. Штефан Фет (Фуксе Берлин - Рајн Некар Левен)

  7. Виран Морос (Барселона - ПСЖ)

  6. Деан Бомбач (Киелце - ПИК Сегед)

  5. Кентан Мае (Флензбург - Веспрем)

  4. Ким Екдал ду Риц (Рајн Некар Левен - ПСЖ)

  3. Лудовик Фабрегас (Монпелје - Барселона)

  2. Лука Циндриќ (Вардар - Киелце)

  1. Арпад Штербик (Вардар - Веспрем)