Заминува една легенда, Мирхол ќе се пензионира по Олимписките игри

Капитенот на норвешката репрезентација Бјарте Мирхол ќе замине во пензија по крајот на Олимписките игри.

Кружниот напаѓач има големи проблеми со повреди. Тие ја одбележаа неговата кариера, која му донесе големи успеси на клупско и репрезентативно ниво.

„Ова беше многу долг и темелен процес. Ги разгледав сите сценарија - и за и против. Долго време пишував дневник. За жал, тој не донeсе нешто позитивно во однос на болката, спиењето и лековите. Ракометот ми значи сè, но морам подобро да се грижам за моето тело...“, вели Мирхол.

Неговиот тековен договор со Скјерн истекува во јуни 2022 година. Сепак тој најави дека оваа година ќе ѝ каже збогум на ракометната игра.

Норвежанецот се отвори пред јавноста и кажа дека конечната одлука ја донел пред неколку недели.