Залудни десет гола на Ли, Црна Гора чекор поблиску до четвртфиналето

Црна Гора им се врати на победите и ја совлада Јужна Кореја (28-26), еден од директните ривали за четтвртфиналето на ракометниот турнир во женска конкуренција.

Ли одигра симултанка за корејската репрезентација, но нејзиниот учинок не беше доволен за освојување на бодовите. Црногорките постојано имаа предност и контрола врз резултатот. Во вториот дел се искачија на највисоки +6. Попуштија само во финишот, кога му дозволија на противникот да го ублажи поразот на само два разлика.

Ли беше најефикасна на теренот со дури десет погодоци. На спротивната страна одново најдобра беше Јованка Радичевиќ која запиша шест гола.

Репрезентацијата на Ангола остана во игра за првите четири места во групата, со триумфот на домаќинот Јапонија (28-25).