• Мартин Танасковски
Македонската репрезентативка Јована Саздовска и нејзиниот Турингер доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите и на домашен терен во меч со многу голови загубија од ЦСМ Букурешт (30-38).
Романскиот гигант продолжи да игра одлично во елитата и прокнижи нова победа, со која си ги отвори портите на наредната фаза. Јунак на гостинките беше Јованка Радичевиќ, затоа што некогашната вардарка даде 13 гола од 15 обида и беше прва виолина кај својот тим.
Во германскиот бундеслигаш, фантастично попладне имаше Лузумова со 12 гола од 13 обида, но истите не успеаја да помогнат. Одлична беше и Јована Саздовска, со четири гола од пет обида.
Турингер веќе одамна ги загуби шансите за настап во наредната рунда и има само еден бод по седум кола. ЦСМ Букурешт, пак, е на втората позиција со 10 освоени бода.