• Мартин Танасковски
Македонскиот дебитант во еврокуповите, ЖРК Чаир, доживеа втор пораз од Наиса Ниш, овој пат на гостински терен (37-23) со што ги заврши настапите уште на стартот во новата Европска лига на ЕХФ, или поранешен Челинџ куп.
Поразот од Скопје беше висок, па реваншот во Ниш беше само формалност. Но и покрај тоа домаќините лесно победија, а сликата беше иста - рамноправно прво полувреме на Чаир (19-15), па дебакл во второто.
Залудни беа 14-те гола на Марија Николовска, а втор стрелец кај македонскиот тим беше Костадиновска со три гола.
Кај домашните ракометарки македонската репрезентативка Симона Стојановска имаше шест гола, а Тасиќ и Шукур имаа по пет. Настапи и Ивана Гакидова, со три гола од четири обида.