Елверум го освои Порто и во еуфорија ќе гостува во Скопје

Елверум го шокира Порто во вториот дел и обезбеди пресврт-победа на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите (28-30).

Првиот дел се играше гол за гол, но во последните десет минути доминираше домашната одбрана. Гостите постигнаа само два гола во завршницата и заминаа на пауза со -4 (16-12).

Норвешкиот првак заигра далеку поефикасно во продолжението. Направи серија од 7-2 и го презеде водството, кое не го испушти до крај. Португалците имаа јалови обиди да се вратат во игра, но изгледаа истрошени во последните минути од натпреварот.

Македонскиот репрезентативец Никола Митревски застана на голот во последните десетина минути и од тој момент првакот на Португалија почна да ја топи предноста на противникот. Од -5 стигна до -1, но немаше ниту шанса, ниту напад за израмнување.

Кристоферсен беше незадржлив во редовите на Елверум со десет гола и само три промашувања од игра. Итуриза, Мартинс и Родригез со по пет погодоци беа најефикасни кај екипата на Порто.