Зајечар пак за класа подобар, пелистерки со два порази елиминирани од Европа

Ракометарките на ЖРК Пелистер со втор убедлив пораз во дуелите со српскиот претставник во Челинџ Купот, Зајечер, очекувано ја завршија европската есен уште во третото коло, прво во кое настапија според високиот рејтинг. Екипата на Томче Петрески вчера загуби со 50-20, номинално како гостин, а попладнево како домаќин, но во Зајечар, беше поразена со 23-44 (10-25).

Натпреварот беше монолог на српските ракометарки, кои со вкупна разлика од 49 гола заслужено обезбедија европска пролет и осминафинале на Челинџ Купот.

Најефикасни во победничкиот табор беа Драгана Чакмак и Јована Богоевиќ со по девет гола, а кај битолчанки, Милосављевиќ постигна шест гола, а по пет запишаа Анчева и Талевски.

Ракометарките на ЖРК Пелистер вечерва се враќаат во Македонија и веднаш ќе се насочат кон Женската лига, каде исто така не играат убедливо и тешко дека ќе успеат да го повторат ланскиот резултат.