Зајечар од Србија е противникот на ЖРК Пелистер во Челинџ Купот! 

Единствениот македонски претставник во женскиот дел од Челинџ Купот на ЕХФ, ЖРК Пелистер го дозна својот противник за првото коло од ова натпреварување. 

Битолскиот тим пред една седмица ја доби носителската улога во пресрет на денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена, па така во првото коло ќе се судри со српскиот прволигаш, Зајечар

Македонскиот тим минатата сезона успеа да ја мине првата пречка од ова натпреварување, но беше немоќен во двомечот против српскиот тим на Наиса Ниш.

Натпреварите се играат на 9/10 и 16/17 ноември, а на првиот дуел битолчанки ќе гостуваат.

Сезонава битолчанки се засилија со голманката Митова од Стружанка во обид да изградат компетитивен тим во борба за домашната титула и да го повторат ланскиот успех во Европа - презимување во Челинџ Купот.