• Мартин Танасковски
Литванскиот голман Вилиус Рашимас замина во репрезентативна пензија по крајот на мечот со Македонија. Голманот се одјави од националниот тим на на 36-годишна возраст и им отстапи место на помладите.
Рашимас не жали за случувањата во квалификациите, вели дека Литванија не можела да се носи со Македонија во Скопје ама и покрај тоа е среќен што бил со екипата.
„Не го потценувам фактот дека ја завршив кариерата по едни неуспешни мечеви за нас. На сите ни беше јасно дека играме против силни ривали. Секако дека сакавме да победиме, но дефинитивно не можевме да се носиме со нив. И покрај тоа што не играме на ЕП, екстремно сум среќен од прикажаното. Бевме лидери во групата, а тоа не се случува често кога е во прашање ракометот во нашата земја. Ме боли што загубивме, но се лечам со она што го минав низ националниотт тим“, изјави Рашимас.
Чуварот на мрежата во моментов брани на Исланд каде го носи дресот на Хаукар.
ФОТО: Литванска ракометна федерација / rankinis.lt