Загреб во финишот избегна пораз од Монпелје, во Франција ќе се решава четвртфиналистот

Ракометарите на Загреб и Монпелје ремизираа во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите (27-27). Дуелот во „Арена“ го следеа 15.000 гледачи и присуствуваа на израмнет спектакл и натпревар во кој решаваат нијанси.

Реваншот е за седум дена во Франција и хрватскиот првак ќе има многу тешка работа да се пласира меѓу осумте најдобри. Победникот од овој двомеч го чека моќниот германски гигант Кил.

Загрепчани, кои што на изненадување на сите успеаја да ја минат групната фаза и да се пласираат во осминафиналето, може да бидат задоволни со овој исход, затоа што Монпелје во текот на целиот натпревар го имаше водството на своја страна.

Кај Загреб, Звонимир Срна постигна шест гола, а Милош Кос и Иван Чупиќ додадоа по пет. Кај Монпеље, Диего Симонет и Стас Скубе постигнаа по шест гола, а Јанис Лен постигна пет погодоци.

Возвратниот натпревар се игра следниот четврток во Франција.