Загреб пропушти меч топка, Кристијанштад го грабна осминафиналниот билет

Ракометарите на Загреб сигурно долго ќе жалат за пропуштената шанса на домашен натпревар да обезбедат прогрес во следната фаза од Лигата на шампионите. Спротивно од сите очекувања, Кристијанштад славеше во „Арена Загреб“ со 24-27 и обезбеди осминафинален дуел со Флензбург.

Во првото полувреме, Загреб го диктираше темпото и водеше во неколку наврати со +3, но упорните Швеѓани се вратија комплетно во мечот до паузата и израмнија на 10-10. Во вториот, барем во почетните минути се играше гол за гол.

Сепак, во клучната фаза, гостите направија предност од четири голови, 16-20, Загреб намали на 18-20, но тоа беше се од нив. Грешеа во нападот момците на Златко Сарачевиќ, а тоа Кристијанштад го казнуваше веднаш, па стигна до 20-26 и победата беше обезбедена.

До крајот ППД Загреб само намали на конечни 23-27. Најдобри во победничкиот тим беа Соренсен со осум голови и Лагерген со шест додека кај Загреб премалку беа осум голови од искусниот Бичаниќ и седум на капитенот Хорват.