Загреб „потона“ во Полска и запиша втора нула во Лигата на шампионите

Хрвтаскиот шампион Загреб го претрпе вториот пораз во Лигата на шампионите, откако по неуспехот во Битола, загуби и во Полска од Висла Плок со 30-27. Иако хрватскиот шампион успеа да ја намали големата негатива, сепак немаше сила за целосен пресврт. Загреб лошо го започна натпреварот, особено во одбраната, а домашните го искористија тоа и поведоа со 13-7 во 20. минута. Сепак, со серија од три последователни гола, Загреб ја намали негативата на прифатливи -4 на полувреме.

Во вториот дел, поранешниот европски првак играше многу подобро и се приближи на само два гола негатива (17-15), но пропушти неколку клучни напади за целосно да се врати во игра. Висла пак се одлепи на значителна предност од пет гола во 43. минута (22-17), но со серијата на Кавчиќ, Загреб дојде до 24-23 во 52. минута. Сепак, до крајот на натпреварот Висла имаше повеќе енергија и стигна до заслужена победа од три разлика.

Најдобар стрелец кај Загреб беше Игор Бјелавски со седум гола, додека Митја Јанц ја предводеше Висла со шест гола.