• Саше Љолес
Младинската репрезентација на Данска чекори по стапките на своите повозрасни колеги и на доминантен начин се закити со титулата на Светското првенство за ракометари до 21 година, надигрувајќи ја во големото финале селекцијата на Португалија со конечни 29-26.
Данците одиграа перфектен турнир и забележаа седум чисти победи, а само еднаш играа продолженија, и тоа против соседната Шведска во полуфиналето.
Во мечот за трофејот беа прилично убедливи против Португалците, водеа со четири гола разлика на полувремето, а вториот дел го заверија со рутинска, но силна и пожртвувана игра.
За Данска ова е четврта светска титула на младинските Мундијали, прва после дури две децении. Фредерик Емил Педерсен ги предводеше светските прваци со девет постигнати голови, а на спротивната страна пет погодоци имаше Хозе Фереира.
ФОТО/PHOTO: IHF
