Вујовиќ: Во Вардар се нереални, сакаат големи работи со скромен буџет!

Еден месец по спогодбеното заминување на Веселин Вујовиќ од Вардар 1961 искусниот стручњак ги искажа првите свои ставови за неуспешната приказна која го задржа во Скопје половина година.

Главниот акцент Вујовиќ го стави на претераните очекувања на професионалците, навивачите, кулоарите и медиумите во Македонија. Вардар 1961 не е оној на Самсоненко, а луѓето ги сакаат истите големи работи, вели култниот тренер.

„Во Македонија луѓето се нерални. И претседателот Михајловски мисли дека со ваков тим и буџет може да направи големи работи како претходно Самсоненко. Јас секогаш ќе бидам врзан со Вардар и со Михајловски, но можам да потврдам дека луѓето „летаат“ со желбите. Знам како му беше на Стевче Алушовски, верувајте нема да му биде лесно и на Дејвис, кој е одличен тренер.

Уште од првиот ден му реков на претседателот дека ни треба замена за Гаџа, бидејќи нема да може цела сезона да ја одигра на високо ниво. Македонските играчи на таа позиција не се на ниво, а и не беше реално да го ловиме Елдера. Играч од таков калибар има голема цена и барања, што и подоцна се испостави со неговиот трансфер во Веспрем. Да го имавме него во тимот ќе беше поинаку. 

Браќата Њокас одлично почнаа и своето си го завршија со двата одлични натпревари против Мешков Брест и Алборг. Сепак, подоцна се покажаа проблемите со нивниот карактер, не беа лесни за комуникација и за соработка“, рече Црногорецот за „Balkan-handlball“.

Вујовиќ во втората епизода на кормилото на Вардар 1961 го освои самко турнирот во Струга, но остави добра залиха во Лигата на шампионите, која може да му донесе осминафинале на нашиот најтрофеен клуб.