Вујовиќ во свој стил: Дочекавме судиите да „крадат“ за да им помогнат на Французите...

Србија ги започна квалификациите за Европското првенство со два одлични резултати. Најпрво на домашен терен ја надигра, а потоа ремизираше на гостувањето против Франција. Новиот селектор Тони Џерона одлично се претстави и ги освои симпатиите на српските фанови. 

Коментар без „влакна на јазикот“ за остварените резултати на српската репрезентација имаше Веселин Вујовиќ. Како и секогаш беше брутално искрен и ги пофали избраниците на шпанскиот стратег за одиграното на последните два меча.

„Сите што сме во ракомет не можевме да добиеме подобар подарок од резултатите што ги постигна српската репрезентација. Дочекавме и судиите да ги „крадат“ нашите момци за да им помогнат на Французите. Годината започна добро. Имаше промена и во Федерацијата и во машката репрезентација. Дај Боже да трае ова. Направивме огромен чекор кон пласман на Европско првенство и верувам дека нема да ја испуштиме.

Србија ја има можеби најдобрата голманска двојка на светот, Милосављев одличен на првиот натпревар, Цупара на вториот. Кукиќ созреа, ги држеше конците на игра во свои раце, Марсениќ одигра два меча на неверојатен начин. Неговата физичка потрошувачка е голема, тој водеше титанска битка со Французите. Бев пријатно изненаден од десниот бек Орбовиќ, а голема вест е враќањето на Абутовиќ во националниот тим. Заедно со Марсениќ даде голема помош во одбраната“, изјави Вујо.

Србија во наредниот период ќе игра против Белгија и Грција, кои важат за аутсајдери во групата.