Вујовиќ: Вардар ни покажа како се бори кога некому му е најтешко

Мотор Запорожје загуби на гостувањето кај Вардар (38-28) и официјално остана без шанси да се промовира во наредната рунда од најквалитетното европско ракометно натпреварување, Лигата на шампионите.

По натпреварот во СЦ „Јане Сандански“, тренерот на украинскиот првак, Ростислав Ланевич изјави дека гостинот немал лек за тактиката седум на шест на Вардар во клучните моменти.

„Честитки за Вардар за победата. Претпоставувавме дека Вардар ќе игра седум на шест, ама не успеавме да се одбраниме. Нашата одбрана беше слаба и резултатот е таков поради лошата одбрана“, изјави Ланевич.

Во името на Мотор Запорожје изјава даде и поранешниот вардарец Стефан Вујовиќ.

„Вардар покажа како се бори кога е тешко. Ни докажаа и нас како треба да се бориме кога е тешко. За нас ова е една лекција. Сите играчи беа мотивирани од почетокот до крајот, не можевме да се спротиставиме. Им посакувам многу среќа. Имаат уште многу да играат. Им посакувам да стигнат до финалето“, изјави Вујовиќ.

Украинскиот тим кој остана без најдобрите четири ракометари пред гостувањето во Скопје е на последното место со четири освоени бода по 12 одиграни кола. Следен меч за Мотор ќе биде на домашен терен против Киелце.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4