Вујовиќ суспендиран од ЕХФ, ќе треба да плати и парична казна

Незадоволството и жестоките реакции кон судиите на натпреварот против Флензбург го чинеа Веселин Вујовиќ условна казна од страна на ЕХФ.

Од раководството на Европската куќа на ракометот оцениле дека стратегот на ППД Загреб ги минал сите граници на фер-плејот и поради острите зборови кон судиите нема да може да го води својот тим на еден натпревар во Лигата на шампионите.

<<< ПОВРЗАНО - Вујо лут: Господа судии, јас и по 40 години не ги знам вашите правила!

Така ППД Загреб ќе остане без својот прв стратег на гостувањето кај Барселона. 

Покрај условната казна, Вујовиќ ќе треба да плати и казна од 2.000 евра, додека директорот на ППД Загреб, Божидар Јовиќ ќе плати 1.500 евра.

Лига на шампиони (М), Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БарселонаБарселона 11 10 0 1 386:304 82 20
2 ПИК СегедПИК Сегед 11 8 2 1 323:277 46 18
3 ПСЖПСЖ 11 9 0 2 347:306 41 18
4 АлборгАлборг 11 5 1 5 328:337 -9 11
5 ФлензбургФлензбург 11 4 1 6 291:299 -8 9
6 Целје Пивоварна ЛашкоЦелје Пивоварна Лашко 11 3 0 8 280:335 -55 6
7 ЕлверумЕлверум 11 1 1 9 284:324 -40 3
8 ППД ЗагребППД Загреб 11 1 1 9 263:320 -57 3