Вујовиќ: Раул е подобар тактичар, но Лино прави шампиони!

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Веселин Вујовиќ уште еднаш се наврати на дуелот меѓу Македонија и Хрватска  и повторно вели дека Раул Гонзалез е поголем тактичар од Лино Червар и дека не го сменил своето мислење само поради еден натпревар.

„Пред натпреварот меѓу Хрватска и Македонија, за „Индекс“ реков дека адутот на Македонија во таа средба е тактичката обученост на Раул Гонзалез. Хрватска ја разби Македонија, но не го сменив мислењето само поради еден натпревар. Лино е врвен тренер, освои сè што може да се освои и тој не мора да се докажува. Можеби некој погрешно ги интерпретирал моите зборови. Никогаш не реков дека Лино е лош тактичар, само сметам дека Раул е тренер кој има повеќе опции и варијанти во подготовката на еден натпревар, додека Червар е попредвидлив. Меѓутоа, Червар од својата екипа создаде една фантастична целина, делуваат како еден и тоа е онаа енергија, која е потребно да ја има еден шампион“, изјави Вујовиќ.

Хрватска во втората фаза ќе пренесе четири бода и има големи шанси да обезбеди полуфинале на ракометниот Мундијал, додека Македонија ќе разигрува за пласман од 13. до 16. место.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0