ФОТО: Вујовиќ раскажа за интимната порака на неговите патики

Вујовиќ

Црна Гора без сомнеж е најголемото изненадување на тековното Европско првенство. Избраниците на Зоран Рогановиќ се пласираа во втората фаза од натпреварувањето за првпат во својата историја.

Еден од хероите е Милош Вујовиќ, кој носи специјална порака на своите патики, при секој настап на турнирот во Словачка и Унгарија. За тоа раскажа пред медиумите и сподели дел од интимната приказна поврзана со овој негов гест.

„Аванти - тоа е мојот татко. Тоа беше неговиот надимак. Го загубив кога имав само две години. Сакам да ѝ покажам на мојата фамилија дека тој секогаш е со мене и ме тера да дадам сè од себе. Секогаш покажувам голема емоција кога зборувам за него, ми недостига многу“, раскажа црногорскиот репрезентативец.

На италијански овој збор се преведува „напред“, но за Вујовиќ има сосема поинакво и далеку поголемо лично значење.