Вујовиќ: Мечот во Загреб е исклучително важен за двете екипи

Вардар 1961 ќе му гостува ППД Загреб во рамките на десеттото коло од Лигата на шампионите. Ова е нова можност за македонскиот првак да ја прекине очајната форма на европските натпревари. 

Веселин Вујовиќ го најави натпреварот и кажа дека бодовите се идентично важни за двата тима.

„Нè очекува екипата на ППД Загреб, која е комбинација на млади и искусни играчи. И двете екипи доаѓаат по добри настапи против Монпелје, односно Кил. Ова е меч кој и ние и тие мора да го победиме. Од резултатот на овој натпревар зависи нашиот и нивниот пласман во следната фаза. Вардар игра добро, а пред нас доаѓаат дуели против ППД Загреб, Елверум и Мешков Брест. Се надеваме на позитивни резултати и остварување на целта, а тоа е место во нокаут фазата“, рече Црногорецот.

Загрепчани го добија последното соочување со „црвено-црните“ и тоа во рамките на СЕХА лигата.