Вујовиќ ја призна глумата: Сакав да го исклучат Жерар, за да имаме поголеми шанси

Вујовиќ

Натпреварот меѓу Франција и Црна Гора донесе два црвени картони во период од само шест минути. Прв играта ја напушти Васко Шеваљевиќ, поради груб фаул врз Никола Карабатиќ.

Потоа следуваше исклучување на францускиот голман Винсен Жерар. При еден обид да пресече акција, чуварот на мрежата на „експертите“ го удри Милош Вујовиќ, кој призна дека претерал со реакцијата при судирот со противникот.

„Не, не ме удри во лицето. Ме удри по рака, но секој контакт во таа ситуација е црвен картон. Не знам точно како реагирав, но сакав тој да ја напушти средбата, бидејќи без него имавме поголема шанса да играме против Франција. Но, нивниот втор голман беше навистина добар и не најдовме доволно добар начин да победиме“, рече крилото на Црногорците.

Притоа, Вујовиќ јасно стави до знаење дека претерал во ситуацијата, бидејќи доживеал слична ситуација и против Словенија, каде и самиот чувствувал дека контактот е поголем, а судиите не направиле ништо.

Со поразот, Црна Гора ги загуби сите шанси да се пласира во полуфиналето на Европското првенство. Франција, пак, ќе игра решавачки дуел против Данска во последното коло од оваа фаза.