Вујовиќ: Имавме повеќе среќа, немаше да биде незаслужено ако победеше Еурофарм

Еурофарм Работник загуби уште еден меч со неизвесен крај во СЕХА лигата. Овојпат ППД Загреб на Веселин Вујовиќ ја напушти салата „Боро Чурлевски“ со минимална победа и големи бодови.

Тренерот на гостите Веселин Вујовиќ изрази задоволство за освоените бодови на овој тежок терен за игра, иако смета дека победата немаше да биде назаслужена ако завршеше кај домашните ракометари.

„Им честитам на ракометарите на Еурофарм Работник. Ме изненади тоа што имаше доста публика на трибините. Повторно почувствував како е да се игра пред добра атмосфера во Битола. Мислам дека тоа ми недостигаше овие години. 

Навивачите беа играч плус за нашиот противник, кој можеше да победи и тоа немаше да биде назаслужено. Но, денес среќата беше на страна на ППД Загреб“ , изјави Црногорецот.

Ова за „фармацевтите“ беше петти неуспех во низа во регионалната лига, трет изразен со еден погодок разлика.