• Симеончо Стоиков
Црногорскиот интернационалец Стеван Вујовиќ, кој пролетниот дел од сезоната го одигра во дресот на Металург, најверојатно нема да го продолжи договорот со тимот од Автокоманда и својата кариера според последните информации ќе ја продолжи во редовите на новиот романски прволигаш Добруџа Суд Констанца.
Централниот бек на тој начин би му се придружил на неговиот сонародник и поранешен ракометар на Металург, Младен Ракчевиќ кој ги брани боите на клубот од Констанца, за кој настапува и нашиот интернационалец Бранислав Ангеловски.
Вујовиќ како што е познато освен за Металург има настапувано и за Вардар, како и низа клубови на интернационално ниво како Вецлар (Германија), Амичитија Цирих (Швајцарија), Селестат (Франција) и Антекуера (Шпанија).