Вујовиќ: Бодот нека биде подарок од мене за Македонците

Gol.mk на светско првенство во ракомет

Веселин Вујовиќ со лут поглед и глас кој трепери, пристигна на прес-конференцијата и се обиде да ја оправда бледата Словенија, која едвај стигна до реми против Тунис и ни овозможи да се квалификуваме за осминафиналето на два натпревари пред крајот на групната фаза. 

„Тешко е да се објасни што ни се случи денес, можеби бевме уморни, но игравме како со 30% успешност. Сепак задоволен сум со ремито, жал ми е за Тунис и за нивниот селектор, но сега мислиме само на Шпанија и борбата за првото место во групата. Бодот им помогна на Македонците и нека биде оваа реми подарок од мене за сите љубители на ракометот. Нека биде подарок за Кире, за Жути и за цела држава, Мислите ми беа со Македонците кога Јанц израмни. Мора да извлечеме едно големо школо од овој натпревар. На крајот наредив да играме ризично, па дури и да пробаме со цепелин, заради тоа што сметам дека тоа е наша најдобра варијанта. Ако го анализирам цел натпревар, треба и да се биде загрижен како игравме“, рече Вујо по мечот. 

Македонија сега со поголем мир ќе го дочека дуелот со Шпанија и со Исланд ќе одлучува за третото место во групата. Што се однесува до Словенија, момците на Вујовиќ сега имаат уште една пречка, дуелот со Шпанија во кој влогот е првото место во групата. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0