Вујо: Сум барал пари? Доленец ми рече дека ќе излезе јавно и ќе ме заштити! 

Веселин Вујовиќ од пред неколку дена не е повеќе селектор на ракометната селекција на Словенија, откако федерацијата се реши да му врачи отказ заради скандалот кој го објавија тамошните медиуми. 

Популарниот Вујо беше обвинет дека уживал да игра покер со словенечките репрезентативци, а притоа на тој што сакал да биде со него на маса му земал по 300 евра. 

„Вујовиќ уживаше да игра покер со своите ракометари. Секој кој сакал да биде на маса со него морал да плати 300 евра, а оние кои не биле расположени за игра ги малтретираше и понижуваше на тренинзите“, пишува „Нова24“. 

За овие обвинувања Вујовиќ вели дека го слушнал кога патувале за Унгарија за дуелот со ПИК Сегед и бил шокиран од содржината.

„Бевме на пат за Сегед, каде со ППД Загреб игравме натпревар во Лигата на шампионите. Тогаш ми се јави една новинарка од Србија и ми кажа што напишале словенечките медиуми. Бев шокиран од содржината. Во ПИК Сегед играат четворица Словенци, а веднаш  ми се јави и Доленец дојде до мене и ми рече дека словенечките ракометари ќе се огласат јавно и ќе ја кажат својата страна од приказната само за да ме заштитат. Беа напишани многу глупости во тие обвинувања. Но, најмногу ме навреди тоа што сум ги навредувал и малтретирам ракометарите на тренинг

Што се однесува до моите зборови кон Влах знам дека беа навредливи, не сум горд на тоа. Тоа дете е мој миленик. Јас го донесов во Загреб и верувам во неговите квалитети“, рече Вујо.

Искусниот стратег на претходното Светско првенство успеа да го направи најголемиот успех на ракометна Словенија во историјата, откако се пласира на третото место.