Вујо првпат загуби нерви на тајм-аут: Дали сте ОК? Ова не е ракомет! (ВИДЕО)

Веселин Вујовиќ е познат по неговиот темперамент на тајм-аутите додека екипата е во негатива. Во Вардар 1961 немаше свое „шоу“ досега, но на натпреварот против Алборг ги загуби нервите.

Неговите ракометари паднаа на фора на Палмарсон кој даваше лесни голови, а се правеа и брзоплети грешки. Вујо не беше задоволен од играта во одбраната, а исто така имаше замерка и на играта на браќата Њокас на кои им се обрати на тајм-аутот.

  • Тајм-аутот на Вардар против Алборг:

Вардар во Лигата на шампионите имаше одличен старт, по ремито во Елверум ги победи Мешков Брест и Алборг, но како што изгледа ќе има два порази во низа.