Вујо: Mечот со Алборг и поразот за мене одат во – историјата!

Вардар 1961 го доживеа вториот пораз во Лигата на шампионите. По домашниот од Монпелје, тимот загуби на гости кај Алборг (33-29). Тренерот Веселин Вујовиќ даде коментар на средбата и истакна дека вардарци го загубиле овој дуел поради лошото отворање на вториот дел.

„Честитки за мојот колега Штефан Мадсен за доброто издание на неговиот тим Алборг. Првите десет минути од второто полувреме го загубивме натпреварот, во еден момент губевме со седум гола, се обидовме да направиме нешто, но беше невозможно да се вратиме. Сега овој меч за мене е историја, најважен ми е мечот со Кил. На Алборг му посакувам многу среќа“, изјави Вујовиќ.

Следната седмица тимот се враќа на обврските во ЛШ. Во Скопје доаѓа бундеслигашот Кил кој изненадувачки оваа рунда ремизира со ПИК Сегед (32-32).