Вујо: Малку е депресивно... бевме близу, а останавме без поени!

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 одигра допадлив натпревар, но остана со празни раце кај Кил (32-30). Тренерот Веселин Вујовиќ по мечот кажа дека ситуацијата не е идеална затоа што неговиот тим останал без бодови, а истовремено му честита на бундеслигашот за триумфот.

„Честитки за мојот колега Јиха, видовме еден добар натпревар во убава атмосфера како што е секогаш кај Кил. За нас, ситуацијата е малку депресивна затоа што бевме блиску, но остануваме без поени. Ова е тешко, но ќе се обидеме да направиме нешто во последните натпревари. Ова беше доста тежок дуел од почетокот, Кил е можеби најдобриот тим во Европа и во Германија. Се боревме, но ова е добар резултат за Кил. Мора да се фокусираме на следниот дуел со Загреб каде сакаме да победиме“, изјави Вујовиќ.

Вардар следниот дуел во ЛШ го игра за седум дена, кога гостува кај ППД Загреб. Македонскиот тим има шест порази во низа и овој меч ќе биде од голема важност околу европската иднина на „црвено-црните“.