Вујо и Железничар се засилија со 41-годишен бивш член на Вардар

Амбициозниот клуб на Железничар, на чело со легендарниот стратег Веселин Вујовиќ, попладнево го официјализира своето најново засилување.

Нов член на клубот од Ниш е 41-годишниот Ратко Николиќ, од кого се очекува да биде од големо засилување претстојните три натпревари од СЕХА лигата, кои Железничар треба да ги одигра до крајот на оваа година. 

Поранешниот репрезентативец и капитен на Србија зад себе има оставено богата кариера, а покрај Црвена Звезда, Веспрам, Портланд Сан Антонио... своевремено го носеше и дресот на македонскиот шампион Вардар. 

Николиќ своето деби за новиот клуб најверојатно ќе го има токму против Вардар, овој викенд кога е закажан мечот од рамки од 11. коло на СЕХА лигата.